ЕкономијаМакедонија

Пад на вработеноста во преработувачката индустрија

Пад на вработеноста во преработувачката индустрија - Работник
167views
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 98.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пад од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пад од 1.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0.4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 98.8.