Пад на стапката на невработеност во Шведска во септември

Стапката на невработеност во Шведска малку се намали во септември, откако се зголеми во претходниот месец, покажаа последните бројки на заводот за статистиката на Шведска.

Неприспособената стапка на невработеност се намали на 6,5 отсто во септември од 6,6 отсто во август. Во истиот месец лани стапката на невработеност изнесувала 8,2 проценти.

Бројот на невработени падна на 359.000 во септември од 455.000 пред една година. Стапката на невработеност кај младите, која се применува на возрасната група од 15 до 24 години, во септември достигна 20,8 проценти.

Во меѓувреме, стапката на вработеност се намали на 68,8 проценти во септември од 70,2 отсто лани. Бројот на вработени се искачи на 5,189 милиони од 5,096 милиони.

На сезонски приспособена основа, стапката на невработеност беше 7,1 отсто во септември наспроти 7,2 проценти во август.