ЕкономијаМакедонија

Пад од речиси 100 отсто на бројот на туристи во април

Пад од речиси 100 отсто - Работник
102views

Речиси ниту еден турист, домашен и странски, не ја посетил земјава во месец април. Тоа е месец во кој веќе беше почната пандемијата со корона и според објавените податоци на Државниот завод за статистика забележан пад на странските туристи од 99,7 отсто.

Според објавените податоците бројот на туристите изнесува 741, со остварени 4690 ноќевањата, што споредено со бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 99,1 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 97,2 отсто.

Бројот на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 97,7 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 99,7 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 96,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97,8 отсто.

Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 47,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43 отсто, а кај странските има намалување за 50,3 отсто. Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 41,6 отсто, а кај странските има намалување за 50,4 отсто.

Извор: Лидер