МакедонијаСиндикат

САДУ: Пакет за административците или пакет за Владата?

Пакет за административците или пакет за Владата? - Работник
438views

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) остро реагира на изјавата на Владите за пакетите за заминување на административците кои треба да заминат во приватниот сектор.

Тие јавно ја повикуваат Владата да се откаже од нивната идеја од причина што јавната администрација е клекната на колена со изгубен капацитет на стручните службеници.

Од САДУ истакнуваат дека особено во последните две години и подолг временски период се случува бел штрајк (откази, напуштање на стручниот кадар, долги боледувања, неплатени одмори) само поради притисоци и нестручност на раководните кадри.

Додадоа дека јавната администрација во моментов нема капацитет да ги опслужи граѓаните како нивен сервис, а уште помалку за реформи за членство во ЕУ. Тие уште еднаш ги повикаа на разум во спротивно ќе им порачаме дека ќе се спротивставиме со пакет за заминување на Владата.