ЗанимливостиМагазин

Паметните часовници ќе бидат заменети со самообновувачка „електронска кожа“, тврдат истражувачите

Паметните часовници ќе бидат заменети со самообновувачка „електронска кожа“, тврдат истражувачите - Работник
102views

Научниците развија еден вид „електронска кожа“ за која тврдат дека се најавува нова ера на ефтини и одржливи алтернативи на паметните часовници.

Тенки и флексибилни плочи со можност за саморегенерација може да се носат на кој било дел од телото за да се следат индикаторите како што се срцевиот ритам, бројот на чекори, потрошувачката на калории и слични функции што ги прикажуваат современите паметни часовници.

Дали би го носеле ова наместо часовник?

Електротехнички инженери и научници од Универзитетот во Колорадо кои работат на развој на нова технологија тврдат дека нивниот пронајдок „ќе го доведе во прашање постоењето на разни уреди што се носат“, а истовремено значително ќе го намали количеството на електронски отпад.

„Ако сакате да го носите како часовник, можете да го ставите околу вашиот зглоб“, рече Џианлианг Кјао, машински инженер и вонреден професор на Универзитетот во Колорадо.

„Ако сакате да го носите како ѓердан, ставете го на вратот … Навистина е многу растеглив, што дава многу повеќе можности што претходно не беа достапни“, истакнува професорот.

Тимот успеа да ја подобри и усоврши електронската кожа, што ја претстави како концепт на растеглив електронски филм уште во 2018 година.

Тие можат да бидат „залепени“ на кој било дел од телото

Плочката се создава со вметнување тенки електронски навои помеѓу два слоја филм изработен од исклучително флексибилен и самообновлив полимински материјал. Резултирачкиот уред е малку подебел од слојот топол восок нанесен на кожата.

„Паметните часовници се функционални и убави, но сепак тоа е парче метал што виси на ременот“, рече Веи Чанг, професор по хемија.

„Ако навистина сакате уред за носење, би било идеално да е тенок филм кој удобно ќе се вклопи на вашето тело“, додава професорот.

Истражувачки труд што ја опишува иновативната технологија е објавен во научното списание Science Advances.