- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Пандемијата го смени патувањето засекогаш, велат од Airbnb

Пандемијата го смени патувањето - Работник
740views

Начинот на којшто патуваат луѓето е засекогаш променет од страна на пандемијата, рекол шефот на платформата за сместување AirBnB. 

Брајан Чески за BBC рекол дека линијата помеѓу деловните и туристичките патувања се губи поради можноста за работа од далечина. 

Тој истакнал дека луѓето сакаат да имаат поголеми паузи за да бидат со семјствата и пријателите, бидејќи им недостасува „човечки контакт“. 

„Мислам дека она што го гледаме денес е целосна револуција на начинот на кој патуваме“, рекол Чески. 

„Живеевме на едено место, нашиот дом; одевме на друго место – канцеларијата и патувавме на трето место. Сега сите три места се конвергирани“, додал тој. 

„Она во што треба да веруваме е дека работдавачите нема да ги натераат сите луѓе да се вратат во канцелариите пет дена во неделата и ќе знаеме дека се е променето, засекогаш“, посочил Чески. 

 

AirBnB бил тешко погоден од економските последици на пандемијата со Ковид – 19 и за само неколку месеци изгубил 80 % од профитот. 

Сепак, Чески вели дека побарувачката многу се зголемила од минатото лето, иако навиките на клиентите се променети. 

ЗУМ платформата и другите технологии кои ја овозможуваат работата од далечина „фундаментално ја изменија“ потребата за патување, рекол тој, нагласувајќи дека овој тренд ќе остане и понатаму. 

Наместо тоа, луѓето одбирале да живеат и работат вон својот дом, и тоа е само неколку денови или една недела, туку „со месеци или цело лето“. 

 

„Некои луѓе се одлучуваат да патуваат насекаде низ светот, без притоа да имаат постојано место на живеење“, рекол Чески. 

Тој вели дека во втората голема промена, луѓето бараат поголем „човечки контакт“ отколку што сакаат да патуваат и затоа работат сами од дома. 

 

Во САД, букинзите за проширен викенд од страна на семејства закажани преку AirBnB, се зголемиле за 70 % во вториот квартал од 2021 година, во однос на 2019 година. Компанијата исто така забележала „пристојни зголемувања“ на букирања за поголеми одмори и семејни патувања оваа година. 

Нови и поевтини дестинации

As a consequence, Mr Chesky said people were trying out new and cheaper destinations, and focusing less on tourism hotspots.

Како последица, Чески рекол дека луѓето пробуваат нови и поевтини дестинации, помалку фокусирајќи се на туристичките атракции. 

„Светот нема никогаш повеќе да биде како што беше, патувањата никогаш нема да се вратат на старо. Не значи дека нема ништо од стариот свет да се врати, само што не можеме да се вратиме назад во времето, туку одиме само напред“, рекол Чески. 

Airbnb кој бил основан во 2007 година, исто така објавил дека го надминал бројот од една милијарда гости кои ги користеле нивните услуги низ светот. 

Рекле дека сега имаат повеќе огласи, отколку вкупниот број на собите на топ шестте хотели. 

И покрај популарноста, платформата за сместување била критукувана поради зголемување на наемите во некои пазари, тргнувајќи ги долгорочните сместувања надвор од пазарот. 

Поради ова имало и протести во градови како Сан Франциско и Барселона, но и изнудило да се зајакнат  регулациите на краткорочните компании за сместување. 

 
 

Извор: BBC

Фото: BBC