ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април

437views

Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020

Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок на сите лица кои ја изгубиле својата работа, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, или добиле отказ од работодавачот, посочи премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција

Оваа мерка ги опфаќа лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април кои имаат престанок на работа по сонов на невработеност за давање на писмена изјава за престанок на работниот однос, спогодбен престанок на работниот однос и за престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот.

Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот

Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании а истата ќе понуди и 30% грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење.