Занимливости

Паста за заби нема никогаш да добиете во хотел, еве и зошто…

Паста за заби - Работник
181views

Иако хотелската понуда во однос на козметиката во минатите неколку години доста се проширила, една работа и понатаму не може да се најде во хотелскиот тоалет. Пастата за заби останува главна хотелска мистерија, а новинарот Даниел Енгбер истражил зошто и понатаму не може да се најде во основната хотелска понуда.

Тој пишува дека се работи за необична комбинација – гостите на хотелите не ја бараат доволно често, па сопствениците на хотелите, со намера што повеќе да заштедат, не сакаат да трошат пари на паста за заби. Во хотелската регулатива пастата се третира поинаку од сапунот и останатите козметички средства, речиси како лек, па нејзиното набавување било нешто поскапо.

Уште една ситница е заслужна за изоставувањето на пастата за заби од основната хотелска понуда. Некои хотелиери истакнуваат дека постојат скапи и луксузни брендови на паста за заби, па барем на потсвесно ниво, гостите по тоа прашање немаат на што да се воодушевуваат. Во скапите хотелски соби паста нема, бидејќи не е доволно скапа. Во евтините хотелски соби нема, бидејќи е премногу скапа.

Никој не знае зошто, а и не го интересира

Освен тоа, пастата за заби не е клучна во категоризација на хотелите или апартманите. Во хотел со пет ѕвезди има два сапуни, шампон, фен за коса, прибор за шиење и капи за туширање, додека пастата за заби спаѓа во сугестии.

Хотелите би можеле да ни осигураат паста за заби, но тоа не чини. Никој не знае зошто, никој не го интересира. Работите се такви отсекогаш и очигледно така и ќе останат засекогаш. Не добиваме паста бидејќи не бараме, а не бараме затоа што знаеме дека не смееме, заклучува Енгбер.