ЗанимливостиМагазин

Пастирско стадо ја слуша богатата наставна програма на градоначалникот

Пастирско стадо ја слуша богатата наставна програма на градоначалникот - Работник
50views

Во Италија, во малото гратче Петрозино на југот кај Трапанија, градоначалникот Гаспаре Џаколоне секојдневно освен што е градоначалник, тој стана и пастир и водеше стадо овци на пасишта.

На својот Фејсбук профил, градоначалникот Гаспаре Џаколоне напиша дека му се јавил Антонио, чие занимање е пастир и очајно му кажувал дека е позитивен на Ковид дека мора да биде во изолација и да не знае што ќе се случи со неговото стадо.

Градоначалникот му рекол да не се грижи за стадото и дека тој ќе ги чува животните, ќе го носи стадото овци и кози на пасиштата додека не се врати Антонио.

“Антонио секој ден ми се јавува бидејќи си ја сака својата работа и со кнедла во грлото ми повторува дека неговите животни не смее да бидат напуштени. Јас никогаш не сметав дека да се биде градоначалник претстаува нешто кое има врска со слава и надменост. За мене тоа значи дека треба да се гази на полето, таму каде луѓето се потат, работат и жртвуваат себе си и онаму каде што постои потреба од помош. Денес освен што го менувам Антонио, осеќам дека сум повеќе градоначалник отколку претходно“ истакна градоначалникот на Петрозина.

Гаспаре Џакалоне има 52 години, дипломиран на Факултетот за економски науки и магистирано на Бизнис администрација.

Пред да биде поставен за градоначалник на овој град, 13 години живееч во Лондон и работел за Европска банка во делот за реконструкција и развој а исто така тој е еден од основачите на организацијата „Работа и Лондон“ за сите италијанци кои емигрирале во тој град.

Без разлика на своето богато CV градоначалникот не попушти на предизвикот да работи како пастир и секојдневно да се грижи за животните на Антонио.