ЕкономијаМакедонија

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

223views

Пекабеско изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари и со тоа се приклучи на иницијативата на владата и министерството за финансии која има за цел давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

„Сакаме да дадеме конкретна поддршка со цел во овие тешки моменти државниот буџет да се одржи во стабилна кондиција. Со овој потег ја поддржуваме и работата на медицинскиот персонал, безбедносните сили и сите директно вклучени во спроведување на мерките за превенција на населението од овој вирус. Важно е сите да работиме заедно со цел ваквата состојба поскоро да заврши, а ги повикуваме нашите соработници и други компании да ги следат ваквите чекори на бизнис заедницата бидејќи денес е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности“, истакна Слободан Кутревски, прв извршен директор на Пекабеско.

Пекабеско како лидер во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност целосно ги почитува и применува највисоките стандарди за безбедност во процесот на производство и дистрибуција на храна, вклучувајќи ги тука и HACCP стандардот, како и меѓународниот стандард ISO 22000:2005., се вели во соопштението на компанијата.

Извор: Канал 5