ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Пензиската реформа: Макрон добил една битка, но сеуште не е готово

Пензиската реформа - Работник
130views

Повеќе од 50 дена на синдикални протести кои ја потресоа Франција поради реформата на пензискиот систем не успеале да го уништат планот на Претседателот Емануел Макрон.

Сепак, Владата направила одредени отстапки.

Аналитичарите велат: Макрон ја доби оваа битка, но сеуште не е готово, бидејќи нема гаранција дека протестите нема да продолжат.

Владата во петокот одобрила два закони кои следниот месец ќе се најдат пред Парламентот, а на сила ќе стапат на крајот од јуни.

Смислата на реформата е да се поедностави системот кој опфаќа повеќе од 40 посебни пензиски планови и да се добие едниствен систем заснован на бодови кој би бил поправеден, давајќи му на секој пензионер исти права за секое евро од придонесите.

Најголемо противење на предлогот за нов пензиски систем дошло од вработените кои имаат посебни бенефиции, вклучувајќи ги работниците во железницата, аеродромските работници и пејачите од Париската опера кои имаат право на полна пензија пред просечната старосна возраст од 62 години.

Настапувањето на синдикатите започнало пред крајот на минатата година, кога Премиерот Едуар Филип рекол дека планот за реформата ќе се применува само на Французите родени од 1975 година и подоцна.

Филип рекол дека луѓето ќе продолжат да се пензионираат на минимум 62 години, но тие за полна пензија ќе мора да работат до 64 годишна возраст.

Мерките ќе започнат да се спроведуваат за новите работници кои влегуваат на пазарот на трудот во 2022 година, што е и последната година од мандатот на Макрон.

Минималната пензија од 1,000 евра месечно ќе важи за оние кои работеле цел свој живот, а тие кои извршувале опасни работи ќе ги задржат бенефициите при пензионирањето.

Пензиската реформа не значи дека се е готово

Сепак, како што оценува порталот „Политико“, спогодбата помеѓу Владата и синдикатите не значи дека е се готово и дека протестите нема да продолжат, а прашање е дали Макрон ќе има корист на наредните избори од храбриот, но недоволно добро објаснетиот и омразениот план за реформата. Претседателот на Форумот за стратешки студии на Институтот за општествени науки, доктор Невен Цветќанин смета дека Макрон направил храбар потег, обидувајќи се да го „прилагоди пензискиот систем сосгласно современите услови“.

Соговорникот на Спутник потсетува дека во Франција со години се зборува за потребата за реформа на пензискиот систем и напоменува дека актуелниот закон содржи некои решенија од предминатиот век, како на пример железничките работници да имале бенефициран работен стаж.

„Макрон се соочил со доста голем отпор од синдикатите кои традиционалано се силни во Франција, но тој и покрај тоа не се откажува. Се справи државнички. Очигледно е дека сака да покаже некој вид на политички карактер во оваа игра“, вели тој.

„Од друга страна, синдикатите ја работат својата работа, борејќи се за своите привилегии“, констатира Цветќанин и додава дека допрва ќе се види дали ќе продолжи периодот на конфронтации:

„Или ќе имаме некој вид на општествен договор, како кога Макрон пред една година, кога беа најсилните демонстранции на жолтите елеци, донел неколку економски мерки кои вродиле со плод“.

Што му е замерува на Макрон? 

На Макрон му се замерува за тоа дека ни тој, а ни Премиерот не ја претставија суштината на реформата, а за Слободан Зечевиќ од Институтот за европски студии тоа е данок на неискуство.

„Во многу ситуации Макрон и неговата администрација делуваат прилично неискусно. Тоа се чувства и во областа на надворешната и внатершната политика. Тој е млад, без големо политичко искуство, немал ни нормална кариера на француски политичар кој морал да пројде низ сите изборни едници и да добие поддршка во свое име. Тој ги прескокнувал скалите. Направени се доста грешки во пензиската реформа“, вели Зечевиќ за Спутник.

Порталот „Политико“ наведува дека луѓето од круговите блиски до Макрон велат дека тој потполно е убеден дека пензиската реформа за него ќе биде плус, кога ќе се најде пред прагот на новиот изборен циклус. Таа калкулација би можела да падне во вода доколку протестите сепак продложат и ако неговиот рејтинг падне.

Следните избори се во 2022 година

Цветќанин вели дека францускиот претседател, очигледно, сега на половина од мандатот ги завршува најтешките работи.

„Можеби неговата сигурност потекнува од тоа што е убеден дека оваа работа, долгорочно гледано, за државата е корисна, бидејќи реформата на пензискиот систем одамна ја направиле други европски и светски земји. 21 век е натпревар помеѓу нациите и се чини дека државниците како Макрон тоа го разбираат“, оценува Цветќанин.

Зечевиќ вели дека во овој момент е тешко да се каже како реформата на пензискиот систем ќе се одрази на шансите на Макрон за нов мандат, но доколку нешто го загрози, тоа според него ќе бидат повеќе околности.

„Не верувам дека тоа може да се случи само поради пензиската реформа, бидејќи тој тука има одреден легитимитет и може да каже – најавував, им предложив на бирачите, тие гласаа за мене и сега имам слобода да ја применам таа реформа“, објаснува Зечевиќ.