ЕкономијаМакедонија

Пензија од над 53.000 денари земаат 48 пензионери во Македонија

Пензија од над 53.000 денари-Работник
599views

Вкупниот број на пензионери пак се намалил на 322.854 лица додека просечната пензија во септември изнесувала 15.514 денари.

Минатиот месец имало 243 пензионери со пензија над 51.000 денари, додека највисокиот износ од 53.691 денар го земале 48 пензионери, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско.

Според податоците на Фондот вкупно 1.303 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592 до 53.691 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 907 се со пензија од 41.244 денари.

Вкупниот број на пензионери пак се намалил на 322.854 лица додека просечната пензија во септември изнесувала 15.514 денари.

Најнизок износ на пензија земале 75.445 пензионери, од кои 57.846 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 17.599 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.240 денари до 11.427 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Извор: Банкометар