- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Петтина од работната сила во Ирска невработена

Годинава повеќе од 1.000 лица - Работник
103views

Бројот на луѓе во Ирска кои бараат привремена помош поради невработеност која ја предизвика вирусот Ковид – 19 нагло скокнал последните денови.

Моменталното ниво на заразување ги преминува бројките забележани во текот на првиот бран во април и мај.

Отприлика 335,600 луѓе ќе примат помош поради невработеноста која ја предизвика пандемијата, во текот на оваа седмица, покажале денешните владини резултати, а бројот на оние кои примиле уплата по овој основ во неделата пред Божоќ бил 277,700 пренесува Ројтерс.

„Беше навистина тежол божиќниот период за луѓето кои ја изгубија работата непосредно пред преоѓањето на највисоко ограничување, од петто ниво“, рекла ирската министерка за социјална заштита Хедер Хамфриз и додала дека, како што се очекувало, забележан е раст на бројот на луѓе кои ја примиле оваа помош од 22 декември. 

Уште 200,000 луѓе побарале редовни надоместоци за невработени на крајот на ноември, што значи дека околу 20 отсто од ирската работна сила е или привремено и трајно без работа. 

Ирската влада потврдила на 30 декември дека ќе ги задржи привремените исплати на ова ниво најмалку до крајот на март, откако највила затворање на неприоритетните трговци на мало, за а помогное во сузбивање на заразувањето со вирусот Ковид -19, пренесува агенцијата.