Занимливости

Пет занимливости за Нобеловата награда

Пет занимливости за Нобеловата награда - Работник
85views

Нобеловата награда од 1901 година во согласност со тестаментот на Алфред Нобел се доделува на мажите, жените и организациите кои со својата работа дале голем придонес на човештвото.

Во продолжение следуваат пет занимливости за наградата и нејзниот основач:

Поетот Алфред Нобел

Алфред Нобел влегол во историјата како пронаоѓач на динамитот. Но, бил и вешт поет и љубител на стиховите на Шели и Бајрон.

Пишувал песни цел живот, некогаш на неговиот мајчин јазик, шведскиот, но поголемиот дел му се на англиски јазик.

„Немам ни малку намера да ги наречам своите стихови поезија. Пишував и пишувам само од причина да ја ублажам депресијата или да го подобрам својот англиски“, напишал Нобел во писмото до својот пријател.

Нобел во 1862 година, на 29 години, го ставил под знак прашалник својот книжевен талент. „Физиката е мое подрачје, а не пишување“, напишал во писмото на француски јазик упатено до една млада жена.

Во годината на својата смрт, 1896, напишал скандалозна трагедија во четири чина „Немези“. Бил инспириран од драмата на Шели „Ченчи“, во која се работи за жена која го убила својот инцесен татко во Рим во 16 век.

Наградувани семејства

После првото доделување на нобеловите награди, шест деца тргнале по стапките на своите родители и самите станале добитници.

Седмото дете, Лоренс Брег, освоил награда заедно со неговиот тактко Вилијем за физика во 1915 година. Тоа било за Нобелови стандарди во неговите „нежни години“. Имал само 25.

Семејството Кири вкупно освоило четири награди, а петата ја „стекнале“ со венчавка.

Две и припаднале на Марија Кири која е сеуште единствената личност која може да се гордее со тоа. Нобеловата награда за физика во 1903 година ја поделила со сопругот Пјер. Нобеловата награда за хемија ја освоила во 1911 година.

Најстарата ќерка Ирена добила Нобелова награда за хемија заедно со сопругот Фредерик Жоли во 1935 година.

Помладата сестра Ева Кири, единствената од семејствто која не избрала научна кариера, се омажила за Хенри Ричардсон, освојувач на Нобеловата награда за мир во 1965 година, кога бил на чело на УНИЦЕФ.

Швеѓанецот Гунар Мидал освоил Нобелова награда за економија, а осум години подоцна неговата сопруга Алва била добитничка на Нобеловата награда за мир.

Добитници на наградата во отсутност

Од 1901 година добитниците на Нобеловата награда не можеле да учествуваат на свеченото доделување на наградата во Осло.

Германскиот новинар и пацифист Карл фон Осецки бил во нацистички концентрационен логор кога во 1936 година бил прогласен за добитник.

Кинескиот дисидент Лу Сјаобо бил во затвор во 2010 година, а рускиот дисидент Андреја Шахров во 1975 година бил претставуван од неговата сопруга Јелена Бонер.

Поранешнот полски Претседател Лех Валенса во 1983 година ја одбил поканата за доделувањето на наградата во Осло, бидејќи стравувал дека нема да му биде дозволено да се врати во Полска.

Мјанмарската опоцициона лидерка Аунг Сан Су Чи се наоаѓала во куќен притовор кога во 1991 година освоила Нобелова награда. Иако нејзе и било дозволено да отпатува во Осло, таа ја одбила поканата од иста причина како и Валенса.

Зошто не постои Нобелова награда за математика?

Историчарите во 1980 година ги запреле трачевите дека партнерката на Алферд Нобел имала афера со математичарот Гост Митаг – Лефлеро и дека тоа е причината поради која пронаоѓачот не сакал да им одаде признание и на математичарите

Постојат две веројатни објаснувања зошто нема награда за математика.

Кога Нобел во 1895 година го составувал својот тестамент, наградата за математика веќе постоела во Шведска и не видел потреба за уште една.

На почетокот на 20 век применетите науки биле на милост на јавноста и струката. Придонесот на математиката на човештвото не бил толку очигледен како што е денеска.

Посмртни награди

Статутот на Нобеловата фондација од 1974 година не предвидува посмртно доделување на наградите. Пред тие промени само две личности освоиле Нобелови награди после смртта.

Генералниот Секретар на ОН, Швеѓанецот Даг Хамаршолд погинал во пад на авион во 1961 година, но е прогласен за добитник на Нобеловата награда за мир подоцна во истата година.

Нобеловата награда за книжевност во 1931 година посмртно му е доделена на уште еден Швеѓанец, Ерик Аксел Карлфелт.

Одборот во 2011 година му доделил Нобелова награда за медицина на Канаѓанинот Ралф Стајнман, не знаејќи дека докторот починал три дена пред објавата на добитникот и таа награда е признаена.