ЕкономијаСветСветот на работникот

Пет милиони Американци останале без здравствено осигурување

94views

Околу 5,4 милиони вработени во САД за време на корона-кризата, во периодот меѓу февруари и мај, со работното место го загубиле и своето здравствено осигурување, покажува нова студија, пишува Дојче Веле.

Бројката е за околу 40 проценти повисока од досегашниот рекорд од 3,9 милиони здравствено неосигурани возрасни луѓе, забележан во 2008/2009 година, за време на финансиската криза, покажува студија на невладината организација „Фемилис УСА”, објавена синоќа.

„Ова е најлошата економска рецесија по Втората светска војна”, изјави Стен Дорн, раковидител на студијата. Тој ги повика политичарите при следниот пакет мерки за корона-помош да ја земат во предвид и да ја затворат оваа огромна дупка во здравствената заштита.

Студијата ги опфатила бројките за последиците на пандемијата на коронавирус врз економијата од сите американски сојузни држави, вклучувајќи ги тамошните отпуштени возрасни луѓе под 65- годишна возраст.

Повеќе прочитајте тука