Занимливости

Пет работи кои не можат да си ги дозволат ни милионерите

Пет работи - Работник
972views

Кога ќе помислите дека на некоја банкарска сметка има неколку милиони тогаш веројатно ви се чини дека животот на таа личност изгледа како животот на најбогатата личност на светот, со еден куп на неограничени можности.

Но, постојат некои работи кои не можат да ги дозволат ни милионерите. „Бизнис Инсајдер“ објавил список на пет работи кои се вон досегот и на милионерите, односно кои можат да ги имаат само безобразно богатите милионери.

Суперјахти

Да, веројатно ви се чини дека сите богаташи летуваат на јахти, но кога станува збор за оние мултимилионски луксузно јахти, нив можат да ги имаат само најбогатите. Тоа е затоа што со таквите пловила освен астроносмката почетна цена доаѓаат и високи трошоци околу одржувањето кои ретко кои милионери може да си ги дозволат.

Приватни авиони

Истата работа важи и за приватните авиони. Иако веројатно ви се чини дека секој милионер некаде има свој приватен авион со кој може да одлета каде сака во било кој момент, таквите работи можат да ги имаат само оние кои се побогати од милионерите. „Поседувањето на авион не е за милионери. Тоа е за луѓе кои вредат 50, 60, 100 милиони долари“, рекол Крис Батлиј од Мередиан Авиејшн.

Спортски клуб

Само оние најбогатите меѓу најбогатите можат себеси да си дозволат да станат сопственици на некој спортски клуб од светска класа. На пример, 2014 година, Стив Балмер го купил „ЛА Клиперс“ за неверојатни две милијарди долари.

Постојана куќна послуга

Не, немаат сите милионери постојана послуга во своите куќи, Ок, можат веројатно да си дозволат некоја помош околу куќата, но не можат да си дозволат некој друг наместо нив да работи се, бидејќи тоа чини многу пари, пренесува Индекс.хр. Персоналот на полно работно време кој би вклучувал шеф на пероснал, тим за менаџмент, батлер, помошник, кувар, домаќинка, дадилка, тутор, возач и домаќин би чинело од милион до два милиони долари годишно, и тоа не вклучувајќи ги сите бенефиции за кои работодавачот би морал да ги осигура вработените, пишува БИ.

Бункери за Судниот ден

Ги знаете оние екцентични луѓе кои се подготуваваат за „судниот ден“ со градење на бизарни комплекси и бункери? Тие мораат да имаат многу пари за такво нешто. „Блумберг“ неодамна пишувал за тоа како милијардерите во последно време купуваат бункери на Нов Зеланд, а некои од нив чинат и до осум милиони долари. Оние кои се полуксузни чинат и до 20 милиони долари.

Значи, ако некогаш дојде до судниот ден и тие бункери навистина и послужат на целта, на светот ќе останат само милијардерите и по некој мултимилионер.