Пешевски: Синдикалната кошничка ќе биде со повисок износ, имајќи ги предвид покачувањата на цените

Јануари е најдолг месец во годината, не според бројот на денови туку такво е чувството бидејќи е и најладен, доаѓа веднаш по новогодишните празници, а и самиот е исполнет со голем број празнични денови.

Убаво е тоа што за време на празнувањето најголем дел го посветуваме на семејството, на фамилијата па и по малку се опуштаме во секоја смисла на зборот, но сега повторно треба да се вратиме во нормала, како со секојдневните работни обврските така и со живеењето. Сега стигнуваат сметките кои треба да се подмират, а од почетокот на годинава со оглед на зголемените трошоци за храна, енергенси, електрична енергија и тоа како ќе бидат поголеми, истакна Иван Пешевски од СГИП во разговор за Утрински Брифинг 

Според последниот извештај за труд на ДЗС кој се однесува на десетти месец 2021 година просечната нето плата исплатена по работник изнесува 29.145 денари. Последните пресметките пак на Сојузот на синдикати на Македонија за месец декември се дека минималната синдикална кошница овој месец изнесувала 35.042 денари.

Повеќе на Слободен печат