ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

Пилотите ги служат патниците во „Исландер“ – кабинскиот персонал отпуштен

Пилотите ги служат патниците - Работник
153views

Исландската национална авиокомпанија на Исланд, Исландер со седиште во Рејкевик одлучила да го отпушти кабинскиот персонал, а наместо нив патниците ќе ги служат пилотите.

Тие одлучиле да ги отпуштат сите стујардеси и стујарди за да ја спасат компанијата од финансиски проблеми предизвикани од коронавирусот.

„Пилотите сепак нема многу време да трошат на туркање на колички низ кабините, нудејќи пијалаци и оброци, бидејќи таа услуга поради вирусот е сведена на минимум“, ја соопштил Исландер одлуката без преседан, според која дел од пилотите ќе се грижат за безбедноста на патниците во кабините.

Стујардесите и стујардите се одговорни за безбедноста на патниците и тоа е нивната прва и најважна улога во авиокомпанијата, за што поминуваат повеќенеделни обуки, па како што пренесуваат медиумите, останува нејасно како пилотите ќе успеат во два дена да се подготват за новата улога, бидејќи одлуката за отказ на кабинскиот персонал е донесена во петокот, по долгите неуспешни разговори со претставниците на синдикатите.

Бизнис Инсајдер наведува дека сеуште не е јасно дали таквата замена на улоги ќе биде дозволена во регионите во кои лета Исландер, вклучувајќи ги САД и ЕУ, пренесува Бизнис Инсајдер.

Исландер е основан во 1937 година