СветСветот на работникотСиндикат

Пилотите на Рајанер во Велика Британија прифатија намалување на платата

Пилотите на Рајанер - Работник
140views

Британскиот синдикат на пилотите од Рајанер денеска соопшти  дека неговите членови со поголемо мнозинство гласови, 96 проценти, прифатиле привремено намалување на платите со цел да избегнат намалување на работните места.

Британското здружение на пилоти на Рајанер соопшти дека раководството на компанијата ги известило во мај дека 330 пилотски работни места се изложени на ризик и дека прифаќањето на пониски плати за 20 проценти ќе овозможи да се зачуваат 260 од тие позиции.

Синдикатот додаде дека иднината на останатите работни места е поврзана со можноста за затворање на базата и дека прашањето допрва треба да се реши.

.Генералниот директор на ирскиот нискобуџетен авио превозник Мајкл О’Лири.„Рајанер“ претходно соопшти дека фирмата планира да затвори околу 3.500 работни места доколку со вработените не постигне договор за намалување на платите. Тој нагласи дека е „планирано намалување од 20 отсто за најдобро платените капетани и пет проценти за најниско платените стјуардеси’.