ПравдаСветСиндикат

Пилотите се загрижени за летањето над Србија и Црна Гора

Пилотите се загрижени - Работник
166views

Самостојниот синдикат на сообраќајни пилоти на Србија денеска ја повика Контролата на летови на Србија и Црна Гора (СМАТСА) и сите надлежни институции да овозможат контролорите на летање да ја вршат својата работа на квалитен и законски пропишан начин.

Синдикатот во соопштението изразил загриженост од неодамнешното предупредување на контролорите за  летање дека безбедноста на воздушниот сообраќај во Србија и Црна Гора може да биде загрозен бидејќи имаат лоши услови за работа.

„Професијата на пилотите и контролорите на летови се нераскинливо поврзани и чинат единствена целина чија цел е безбедност на воздушниот транспорт на луѓе и роба. Доколку една целина на тој систем е спречена во склоп со процедурите да изврши исклучиво одговорна работа, цел систем е во опасност и се поставува прашањето за вистинскиот виновник за таквата состојба“, наведено е во соопштението.

Истакнато е дека „подобро е однапред да се идентификува виновикот и да се исправат сите грешки отколку да се чека и да се надева дека нема да се случи несреќа“.