Наука

Планети лесни како шеќерна волна – ново откритие на научниците

Планети лесни како шеќерна волна - Работник
282views

Нема планети во нашиот Сончев систем кои се во потполност слични, но научниците сепак можат грубо да ги категоризираат. Така имаме карпести светови како Земјата, Венера, Меркур и Марс; гасовидни џинови како Сатрун и Јупитер; ледени џинови како Нептун и Уран и џуџести светови како Плутон и Церере.

Колку и да звучи оваа поделба разновидно, астрономите неодамна детално анализирале една новооткриена категорија на планети кои постојат во вселената – супер прозрачни светови (анг. super – puff planets).

Лесни како шеќерна волна

Од сите егзопланети кои досега ги откривме, само петнаесетина од нив се прозрачни. Астрономите проучувале три млади прозрачни планети кои орбитрираат околу ѕвезда која од нас е оддалечена околу 2,600 светлосни години. Тие планети се речиси големи како најголемата планета Јупитер, но имаат 1% помала маса од него.

Тоа значи дека имаат неверојатно мала густина и се толку лесни што астрономите ги споредиле со шеќерна волна, пишува Science Alert.

Трите споменати прозрачни планети кружат околу звездата Кеплер 51. Откриени се во 2012 година, но дури во 2014 година е воочена нивната необично ниска густина. А, сега научниците, со помош на вселенскиот телескоп Хубл, откриле што се случува во атмосферата на ваквите необични планети.

Необичен непроѕирен слој

Астрономите некое време ги анализирале податоците за составот на атмосферата на планетите Кеплер 51б и Кеплер 51д, а кога ги добиле конечните резултати, сфатиле дека атмосферата крие непроѕирен слој кој се наоѓаат на висока надморска височина на тие планети.

„Не сфативме одма што се случува тука. Очекувавме дека ќе пронајдеме вода, но на крајот не можевме да воочиме ниеден траг од една молекула“, рекла планетраната научничка Либи Робертс од Универзитетот Колорадо Булдер (УЦ Булдер).

Одговорот го побарале во компјутерските модели, односно во симулациите кои покажувале какви се можните атмосферските услови на прозрачните планите со многу ниска густина која ја прекрива непроѕирен слој. Резулатите укажале на атмосферски водород и хелиум, со висок надморски слој на метан.

„Накратко, ќе го добиете Титан“

Научниците веќе виделе нешто како метански слој на месечината на Сатрурн, Титан. Поради густиот слој на метан кој го опкружува таа месечина, не знаевме како точно изгледа површината се додека до него во 2004 година не стигнало вселенското летало Касини.

„Ако бомбардирате метан со ултравиолетов зрак, ќе добиете магловит слој“, рекла Лили Робертс.

„Накратко, ќе го добиете Титан“, рекла таа.

Може ќе стане мини Нептун

Научниците откриле дека овој тип на планети многу брзо ја губи својата амтосфера и тоа е веројатно причината зошто прозрачните планети се толку ретки.

Поради тоа што планетите околку ѕвездата Кеплер 51 се во рана фаза на развој, можеби оваа нивна состојба која потсетува на шеќерна волна е само привремена и подоцна можеби ќе станат мини Нептун, најчест тип на планети во галаксијата кој за чудо го нема во нашиот Сончев систем.

Истражувањето насоловено како The Featureless Transmission Spectra of Two Super-Puff Planets ќе биде објавено во списанието Astronomical Journal.