- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Планот за закрепнување на ЕУ доведен во прашање, Германците го стопираа законот

Северна Македонија - Работник
112views

Планот за стимулации на Европската унија за економско закрепнување од последиците од корона-кризата наиде на пречка, затоа што прашањето за уставноста на заедничкото преземање на долгот на блокот од 27 членки беше покренато пред германскиот Уставен суд, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Земјите-членки на ЕУ во јули минатата година се согласија да издаваат заеднички обврзници на меѓународните финансиски пазари преку Европската комисија, со цел да соберат 750 милијарди евра (883 милијарди долари) за да се ублажат негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот врз националните економии.

Невладина организација во Германија, „Алијансата на волјата на граѓаните“, поднесе жалба до Уставниот суд на таа земја, во која се наведува дека европските договори не дозволуваат заедничко позајмување.

Како резултат, германскиот суд во петокот запре закон со кој ќе се отвори патот на Европската комисија да влезе на пазарот на долгови и да собере средства за Фондот за наплата. Германските судии рекоа дека мора да донесат одлука за привремена забрана на законот како мерка на претпазливост.

„ Свесни сме дека Фондот за наплата е политички проект за кој веќе е донесена одлука. Сепак, имајќи ги предвид значителните ризици, федералната влада треба да осигури дека задолжувањата на ниво на ЕУ и заобиколување на фискалните правила не станат трајно решение “, се вели во соопштението на Уставниот суд.

Пресудата на германскиот суд беше донесена и покрај фактот што минатата недела 478 од 645 пратеници во германскиот парламент дадоа „зелено светло“ за ратификување на законот за заеднички долг на ЕУ.