Занимливости

Пластичен хирург во САД ги дал просториите од својата амбуланта за жртвите од корона вирусот

Пластичен хирург - Работник
108views

Пластичен хирург од Америка одлучил својата операциона сала, во која обично работи на зголемување на гради, да ја стави на располагање поради пандемијата на корона вирусот.

„Во следните неколку недели сите козметичко – хирурши операции ќе бидат одложени и моите акредитирани амбулантни хируршки центри ќе бидат достапни за поддршка на итните случаи кои се во криза. Сакам да помогнам, така што ќе ги ослободам болниците кои се пренатрупани поради корона вирусот, давајќи ги своите простории за сместување на заболени кои немаат корона вирус“, рекол д-р. Кевин Техерани за Пејџ Сикс.

Тој ги повикал своите колеги да го следат неговиот пример.

„Со задоволство ќе се одречам и од медицинските уреди и сигурно ќе ги поттикнам и останатите пластични хирурзи да го направат истото“, заклучил д-р Техерани.