Платата достигнува и до 550.000 долари – еве колку се платени вработените во најголемите технолошки компании

Стана многу полесно да се види колку заработуваат вработените во некои од најголемите технолошки компании во светот, благодарение на воведувањето на новите закони за транспарентност на платите низ САД.

Од 1 јануари, Калифорнија и Вашингтон им се придружија на Њујорк и Колорадо во барањето на работодавците да објавуваат опсег на плати во нивните огласи за работа.

Податоците се засноваат на огласи за работа од повеќе од 700 врвни технолошки компании и стартапи, кои опфаќаат повеќе од 53.000 активни огласи, пренесува BizLife.

Колку се платени вработените во гигантите?

Еве колку некои од најголемите технолошки компании плаќаат годишно за тековните позиции во Калифорнија, Вашингтон, Њујорк и оддалечените позиции, врз основа на податоците од Comprehensive.io:

  • Amazon: Director of engineering, 220.000 дo 298.000 долари
  • Apple: iOS engineering manager, 229.000 до 378.000 долари
  • Google: VP of engineering, 550.000 долари
  • Microsoft: Content design director, 259.000 до 277.000 долари
  • Meta: Associate general counsel, 190.000 дo 256.000 долари
  • Cisco: Director of UX research, 314.000 долари

Еве ги просечните годишни плати за некои заеднички технички улоги:

  • Software engineer: 132.000 до 200.000 долари
  • Product manager: од 130.000 до 197.000 долари
  • Account executive: од 111.000 до 147.000 долари
  • Product designer: од 123.000 до 188.000 долари
  • Data scientist: 154.000 до 212.000 долари
  • HR business partner: 92.000 до 139.000 долари
  • Office manager: од 71.000 до 76.000 долари

Извор: biznisinfo.mk