- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Платежните картички за купување домашни производи ќе доцнат две недели

161views

Платежните картички за купување домашни производи ќе доцнат – наместо до 3 јули, банките ќе ги изработат до 18 јули. Владата го прифати барањето да добијат уште две недели за изработка на 325 илјади картички за граѓаните да ја добијат најавената државна помош од третиот сет мерки. На вчерашната владина седница ја смениле Уредбата – картичките ќе бидат готови при крајот на месецот. Истите за купување домашни производи или за плаќање услуги ќе можат да се користат до 15 ти август, а не како што првично беше најавено до 31 јули. За банките новиот рок е прифатлив, со оглед на тоа дека списоците кои лица ќе добијат помош им биле доставени вчера. Но граѓаните се збунети – велат дека се уште не можат да проверат дали нивните имиња се наоѓаат на листата. Објавената веб страница – купувамдомашно.ком.мк  – не функционира.

Инаку невработените и социјалците ќе добијат помош од 9.000 денари, на лицата кои примаат минимална плата под 15 илјади денари, им следува картичка од  3.000 денари, како и на младите од 16 до 29 години. За здравствените работници предвидена е помош во висина од 40% од основната нето плата. Пензионерите не се опфатени со оваа мерка.

Advertisement

Лицата кои ги исполнуваат условите, а кои нема да се најдат на листата – треба да се обратат до Генералниот секретаријат на Владата.

Извор: Сител

Advertisement
Advertisement