НовостиСветСиндикат

„ПЛАТЕТЕ НЕ’ ИЛИ НЕМА ПОВЕЌЕ ИГРИ“: Работнците од ZeniMax удираат на Microsoft во голем штрајк

   Време за читање 4 минути

Синдикатот ZeniMax Workers United – CWA го изгласал убедливо најголемото одобрение за раководството да повика на штрајк ако преговорите за постигнување договор со Microsoft продолжат да тапкаат во место без решение. Оваа одлука доаѓа по речиси две години исцрпувачки преговори кои не донеле значаен напредок.

ZeniMax Workers United, дел од Communications Workers of America, е формиран во јануари 2023 година и тогаш бил најголем синдикат во индустријата на видео игри во САД. Преговорите за првиот колективен договор започнале набрзо после тоа, но речиси две години подоцна, напредокот е минимален. Главните барања на синдикатот влучуваат подобри плати, подобрување на работните услови, можности за работа на далечина и противење на компаниската пракса на замена на интерните QA тестери со надворешни работници без претходно известување на синдикатот.

CWA поднела тужба против нечесната работна пракса против Microsoft токму поради оутсорсингот на QA работните места, а стотици членови на синдикатот организирале еднодневен протест во ноември 2024 година. Сепак, сега синдикатот е подготвен дополнително да го зголеми притисокот, со оглед дека повеќе од 94% од членовите на синдикатот гласале за одобрение на повикот за штрајк.

„Недоволните плати и иницијативите за враќање во канцеларија принудија многумина од нас да ги ставиме своите животи на пауза, бидејќи нашите приходи не го следат растечкиот трошок за живот во градовите каде ZeniMax инсистира да живееме и да работиме за да ја задржиме работата“, изјавил Закари Армстронг, сениор QA тестер и член на ZeniMax Workers United-CWA.

Microsoft и работниците на ZeniMax на спротивни страни од преговарачката маса

Многу вработени во ZeniMax се соочуваат со финансиски тешкотии кои значајно влијаат на нивните животни одлуки. „Нашите хонорарни работници примаат минимална плата без бенефити, вклучувајќи и неплатено боледување“, изјавила Обри Личфилд, член на синдикатот и асошиејт QA тестер. „Работниците одлучуваат да не основаат семејства поради финансиската неизвесност. Објавивме повеќе наслови работејќи целосно на далечина. Кога ќе биде доволно тоа?“

И покрај гласањето за авторизација на штрајкот, синдикатот на платформата Bluesky објавил дека моментално не повикува на бојкот на ZeniMax MMO.

Додека ZeniMax Workers United-CWA јасно смета дека преговорите за договорот не напредуваат доволно, Microsoft, можеби не изненадува, има поинакво мислење, наведувајќи во изјава за PC Gamer дека е остварен „значаен напредок“.

„Нашиот тим за осигурување на квалитет е составен дел на нашето работење и клучен за нашата способност да испорачаме игри кои играчите ќе ги сакаат“, рекол портпаролот на Microsoft. „Го почитуваме правото на тимот да ги изрази своите ставови и длабоко сме посветени на постигнување на правично и рамноправно решение кое го признава придонесот на тимовите. Дојде до значен напредок во текот на преговорите, постигнувајќи прелиминарни спогодби за поголемиот дел од темите ставени на маса.“

Microsoft тврди дека претставил предлог пакет кој е фер и кој, ако биде прифатен, би резултирал со моментално зголемување на надомест, уште поробусни бенефиции и усогласен со хибриден модел од три дена во канцеларија.

Важно е да се напомене дека гласањето за одобрување на штрајкот не значи дека штрајкот е неизбежен или дека ќе се случи во скоро време, туку само дека раководството на синдикатот има зелено светло да го започне. Претставник на CWA појаснил дека на крајот, на работниците им останува да одлучат кога и под какви услови ќе го започнат штрајкот, како и да ја одредат должината на акцијата и условите за нејзиното завршување.

Ако се случи, штрајкот на ZeniMax би го означил вториот активен штрајк во индустријата на игри. Гласовните актери од SAG-AFTRA се во штрајк веќе осум месеци, благодарение на заштитата на своите членови од растечката употреба на вештачката интелигенција во видео игрите.

Извор: Telegraf.rs