СветСиндикат

Платите во јавниот сектор во Србија ќе се зголемат за 12 проценти

Платите во јавниот сектор во Србија ќе се зголемат за 12 проценти-работник
113views

Платите во јавниот сектор ќе бидат повисоки од минатата година кога зголемувањето беше меѓу 7 и 12 проценти, објави денеска министерот за финансии Синиша Мали.

Тој изјави за ТВ Пинк дека за неколку дена ќе излезе со конкретен предлог за зголемување на платите во јавниот сектор.

“Во следните неколку дена ќе излеземе со предлог за зголемување на платите во јавниот сектор. Можам да кажам сега дека зголемувањето на платите ќе биде за процент повисок од минатата година кога беше помеѓу седум и 12 проценти. Оваа година ќе одиме малку повисоко од тоа”, рече тој.

Мали рече дека тешките реформи што ги започна Александар Вучиќ во 2014 година, дадоа резултати и потсети на зборовите на Вучиќ дека сите ќе се чувствуваме подобро кога ќе ги стабилизираме јавните финансии.

„Со овие планови и чекорите што ги истакнавме, со сигурност ќе одиме на просечна плата во Србија од над 500 евра во декември“, вели Мали.