ЕкономијаСвет

Платите на наставниците во Хрватска се за 40 проценти помали од тие во Словенија

Платите на наставниците во Хрватска - Работник
39views

Додека просветните работници во Училиштата во Хрватска имаат просечна плата од 802 евра, нивните колеги во Словенија имаат просечно 1153 евра, стои во истражувањето на Пејлаб.

И покрај високото образование, платите на наставниците во бројните европски земји, па така и во Хрватска, по правило не го следат степенот на образование на наставникот или професорот, открило истражувањето кое го спровел Пејлаб, чиј дел е и сервисот MojaPlaća.

Во соопштението наведуваат дека овие податоци се посебно интересни во контекст на актуелниот штрајк на просветните работници во Хрватска кој започнал откако Владата на Република Хрватска ги одбила барањата на просветните синдикати за зголемување на платите во образованието од 6 проценти.

Според структурата на образовниот систем, најголеми плати имаат професорите на универзитетите, а најниски вработените во градинките. Конкеретно, просечната плата на универзитетски професор во Хрватска изнесува 1,240 евра, плата која е слична на онаа на докторите. Наставниците во средните училишта месечно заработуваат 799 евра, во основните училишта 802 евра, додека воспитувачите во градинките од месец на месец на сметката примаат 730 евра.

Помеѓу набљудуваните држави, најмногу плата во просветата имаат Финците. На северот од Европа на универзитетите просечната плата изнесува 2,764 евра (+123 % во однос на Хрватска), средношколските професори 2,705 (+239%), учителите во основните училишта земаат 2,300 евра (+189 %), додека воспитувачите месечно заработуваат 1,934 евра (+165 %).

Хрватските просветни работници се подплатени и во однос на нивните колеги од Словенија. Па така, универзитетските професори во Словенија земаат 1,653 евра (+33%), професорите во средните училишта 1,135 евра (+42), учителите во основните училишта 1.153 (+44 %) и воспитувачите 1.019 евра (+40 %).

Истражувањето покажало дека наставниците по одделенска настава во Бугарија во просек имаат 41 процент помала плата од агент за корисничка поддршка. Во Унгарија таа разлика е нешто помала и изнесува 16 проценти во корист на вработените во корисничката поддршка, додека платите на наставниците во Србија е за 8 проценти пониска од месечните примања на агент за корисничка поддршка.

За разлика од поголемиот дел од земјите опфатени со истражувањето, наставниците во основните училишта заработуваат 33 проценти повеќе од агентите за корисничка поддршја, како и во Романија, Финска и Чешка.