ЕкономијаСветСиндикат

Пленковиќ: Штрајкот на просветните работници отиде предалеку

Пленковиќ: Штрајкот на просветните - Работник
160views

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ кој го одобрува правото на просветните работници на штрајк, вели дека се отишло малку предалеку, непотребно и некоректно и уште еднаш ги повикал претставниците на синдикатот на социјален дијалог и пронаоѓање на решение.

На отворениот дел на седница на Владата, Пленковиќ рекол дека сака продолжување на разговорите со синдикатите на просветните работници, како и дека најважно е поголемиот дел од јавноста да сфати дека неговата Влада за четири години мандат, почитувајќи ги основите на колективниот договор, платите ги зголемила за 18,3 посто.