- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Повеќе од три милијарди евра годишна загуба пријави Германската туристичка групација

Повеќе од три милијарди - Работник
115views

Германската туристичка групација ТУИ денеска пријави годишна загуба од три милијарди евра предизвикана од пандемијата што влијаеше на побарувачката за патувања и финансиите на групата, принудувајќи ја да побара повеќекратна помош од германската Влада.

Најголемиот светски тур-оператор изјави дека ќе ги зголеми целите за намалување на трошоците на 400 милиони евра годишно од претходните 300 милиони евра, обидувајќи се да станат поефикасни за да може да ги отплати долговите настанати за време на кризата. Минатата недела ТУИ обезбеди трет пакет помош во договор со германската влада, приватни инвеститори и банки за дополнителни 1,8 милијарди евра, покрај трите милијарди државни заеми што веќе ги доби.

По последниот пакет помош, ТУИ сега има 2,5 милијарди евра ликвидност, а вакцината за Ковид-19 според челниците на групацијата ќе ја зголеми побарувачката за годишни одмори, предвидувајќи враќање на нивото од 2019-2022 година.

Тековните резервации за следното лето се три проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, а просечната цена е повисока за 14 проценти, соопшти ТУИ.

Лидер: Лидер