Повеќе од 200,000 работници штрајкувале во Германија – Бараат поголеми плати, во спротивно ќе продолжат штрајковите

Повеќе од 200,000 луѓе накратко прекинале со работа во првата недела од штрајковите во германската металска и електро индустрија.

Лидерот на синдикатот ИГ Метал, Јерг Хофман рекол дека големата излезеност покажала дека постои единствена поддршка за барањето за зголемувањето на платите од 8 %. Тој додал дека синдикатот е во позиција да го забрза темпото на индустриската акција, пренесува дпа.

Досега е понудената посебна исплата не е основа за сериозни преговори. На работниците им е потребна постојано и соодветно зголемување на платите, рекол Хофман, се наведува во соопштението.

Синдикатот бара зголемување на платите за 8 % за приближно 3,9 милиони работници ширум земјата во период од 12 месеци, поради големата инфлација и растечките трошоци за живот во Германија. Работодавачите досега нуделе еднократна исплата од 3,000 евра и неквалификувано зголемување на платите од 30 месеци.

Еднократната исплата се исплаќа директно на сметките на работниците, без данок и придонеси.

Се планираат и понатамошни штрајкови до четвртата рудна на преговори која почнува во вторник во Баварија и Баден – Виртемберг. Ако не се постигне договор, ИГ Метал рекол дека ќе организира 24 часовни штрајкови или дека ќе се подготви за неодредени штрајкови во поединечни области.