ЕкономијаСветСветот на работникот

Повеќе од 400.000 откази се спремаат во Германија поради префрлувањето на електрични автомобили

Повеќе од 400.000 откази - Работник
57views

Автомобилската индустрија би можела да остави дури 410.000 работници само во Германија со префрлување на производството од бензин и дизел на електричен погон до 2030 година.

Ова го предвидуваат експерти од Националната платформа за иднината на мобилноста (НПМ), советодавен совет на германската влада.

Ројтерс пишува дека електричните мотори имаат помалку делови и не се толку барани за одржување, што е добра вест за нивните корисници, но не и за луѓето вработени во традиционалната автомобилска индустрија.

Така, само во следните десет години, скоро 90.000 луѓе ќе останат без работа во производство на мотори и менувачи, а голем дел од нив ќе останат без работа заради автоматизација, односно роботи и софтвер што ќе ја заменат човечката работна сила во фабриките, пишува Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука