Економија

Повеќе од 44,000 работници од нашиот регион се иселиле во Германија од 2016 година

Повеќе од 44,000 работници - Работник
200views

Повеќе од 44,000 работници од земјите на западен Балкан (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Македонија), заминале на работа во Германија од 2016 година. Тогаш во сила стапиле нови германски прописи кои го олесниле вработувањето на странците, посебно граѓаните од нашиот регион, но и јасно ги дефинирале новите правила за вработување. Сега е само прашање колку долго тие ќе бидат во сила бидејќи меѓу германските функционери се е популарна темата за изменување или укинување на „Правилата за Западен Балкан“ до крајот на 2020 година.

До тогаш, значи до крајот на наредната година, за кога се напоменува можноста за укинување на таканареченото „германско правило“, во сила ќе бидат условите кои важат за последните три години.

Да почнеме од почеток. Едно од најважните правила е тоа дека за доаѓањето во Германија важен е работниот договор. Практично, во Германија може да работи секој кој најде работодавач кој би можел да го вработи по струката, без оглед на неговите квалификации. Значи, не е потребно идните работници да имаат дипома за таа работа и не е важно дали работното место е на листата на дефицитарни професии, ниту дека агенциите за вработување проверуваат дали на бирото за труд постојат германски работници кои би имале предност при вработување. Секако дека е неопходна проверката за завршено образование, односно дали тоа одговара на квалификуваното образование кое се бара во Германија, бидејќи не може доктор да биде некој што не е квалификуван.

Не е потребен ни доказ за познавање на германскиот јазик. Секако, познавањето на јазикот е предност при вработување, посебно таму каде што комуникацијата е важен дел на работата. Тамошните политичари често истакнуваат дека добро е да се познава нивото Б1, што во превод значи можност за разбирање и одговорање.

Сепак, сега се поставува прашањето дали овие правила за вработување на работници од Западниот Балкан ќе бидат продолжени. Тие се временски ограничени до 2020 година, а главните замерки на политичарите се однесуваат всушност на фактот дека преку ова правило во Германија доаѓаат премногу неквалификувани работници.

Евалуацијата на Правилникот за вработување на работници од Западен Балкан би требала да биде готова до крајот на годината и на темел на резулатите политичарите ќе одлучуваат за неговата иднина.

Инаку, Законот за вселување на стручна работна сила е усвоен на 7 јуни во Бундестагот. Би требало да го потврди и Бундесарт, а потоа да го потпише претседателот Франк Валтер Штајнмајер, за да може да стапи во сила шест месеци после тоа. Се очекува тоа да биде на почетокот од 2020 година.

Остатокот од текстот можете да го прочитате тука