ПравдаСвет

Поголема заштита за здравствените свиркачи во Пекинг

Поголема заштита за здравствените - Работник
48views

Според новиот закон усвоен од градските власти во Пекинг, свиркачите во здравствените установи во кинескиот главен град ќе имаат повисок степен на заштита.

Медицинските работници кои на локалните власти директно ќе им ги пријавуваат факторите на ризик врз вработените во здравството, ќе добиваат награди и ќе бидат правно заштитени, а слична пракса е веќе воведена во градот Шенжен.

Усвојувањето на новите прописи доаѓа по случајот на Ли Венлијанг, офталмолог од Вухан, кој останатите вработени во тамошните здравствени установи се обидел да ги предупреди на опасноста од Ковид-19, но полицијата му наложила да престане со тоа. Заразувајќи се со коронавирус при контакт со еден пациент, Ли подоцна почина од Ковид-19.