МакедонијаСиндикат

Поголеми јунски плати во градинките ќе овозможи новиот колективен договор за заштита на деца

Поголеми јунски плати во градинките - Работник
1.31Kviews

Поголеми плати за вработените во детските градиники ќе овозожи новиот колективен договор потпишан од страна на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за труд и социјална политика, рече Неделков, ексклузивно за Порталот Работник.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека денеска во просториите на министерството за труд и социјална политика, бил потпишан колективниот договор за детска заштита во којшто има видни измени во однос на социјално – економскиот статус на вработените.

„За соодветен процент ќе се зголемат платите за сите работни места во дејноста детска заштита. Меѓу другото се опфтени и нови одредби кои ги уредуваат правата и обврските на работниците во детската заштита, кариерно унапредување и т.н.“, рече Неделков.

Според него во овој колективен договор има одредби коишто одат во правец на подобрување на секупните состојби на вработените во детските градиники.

На нашето прашање дали смета дека овој колективен договор ќе се почитува, Неделков рече дека синдикатот е убеден дека ќе се почитува колективниот договор. Наведе дека мора да се почитува, бидејќи тој носи тежина на закон, според тоа тој не гледа причина некој намерно да не го почитува, бидејќи доколку не се почитува за тоа се сносува кривична одговорност.