
Поддршка за СОНК пристигнува и од нивните колеги од детските градинки и установите на културата.
“Од персоналот во ЈОУДГ „Детска радост“, заедно со претседателот на детската градинка, имате многу поддршка за денешниот протест во предучилишните установи и се надеваме дека ќе успеете и ќе бидете задоволни од договорот со МОН.” -испратија поддршка од детската градинка “Детска радост” -Струмица. Писмо за поддршка до претседателот Јаким Неделков пристигна и од детската градинка 11 октомври во Скопје.
“Членовите на СО на СОНК при НУ Центар за култура”Кочо Рацин”-Кичево даваат целосна поддршка до Претседателот на СОНК и до сите членови на СОНК вработени во Образование во заложбите и напорите за подобрување на материјалниот статус и достоинството на просветниот работник” – велат од НУ Центар за култура”Кочо Рацин”-Кичево.