МакедонијаСиндикат

Поддршка за штрајкот на СОНК од Синдикатот на клинички центар

Поддршка за штрајкот на СОНК од Синдикатот на клинички центар - Работник - Работник
645views

Синдикатот на Клинички центар го поддржува предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, соопштија од синдикатот.

Истакнаа дека здрава и образована популација се основа за развој на едно демократско и високо развиено граѓанско општество.

„Суштински елемент за формирање на квалитетен кадар се стручни и посветени на својата работа просветни работници“, навеода од синдикатот.

Потенцираа дека професионалноста е поврзана со добра организација на образовниот систем, а мотивираноста кон работата е директно зависна од чувството на правилно вреднување на трудот и знаењето на работникот.

„Само стручен и мотивиран просветен работник може да создаде правилно формирани професионалци во работата“, истакнаа од синдикатот.

Одговорна Влада која се стреми кон систем сличен на високоразвиените демократии, треба да го реализира своето ветување и програма, и соодветно, а не со непристојни предлози да ги вреднува оние кои се одговорни за создавање на здрава и образована нација, додадоа од синдикатот.