МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Поддршка и од Факултетот за Ветеринарна медицина на СОНК

Поддршка и од Факултетот за Ветеринарна медицина - Работник
303views

Професорите, асистентите, администрацијата и техничкиот кадар од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, дадоа целосна поддршка на штрајкот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК со едночасовен прекин на работата, дознава порталот Работник од извори од факултетот.

„Со едночасовниот прекин на работата сакаме да дадеме поддршка на СОНК и сите негови членови во борбата за пристоен живот, а на Министерството за образование и наука му порачуваме да седнат на заедничка маса со СОНК и заедно да изнајдат решние кое ќе биде задоволувачко и кое нема да ги принуди членовите на СОНК да влезат во генерален штрајк“.

Имено, да потсетиме дека училиштита од утре ќе почнат со редовна настава, а преговорите помеѓу СОНК и МОН ќе продолжат. СОНК му даде еден месец на МОН, за да одговори на неговите барања.