ПравдаСветСиндикат

Поддршка од Амнести интернешенел и Конгресот на синдикати за климатските штрајкови ширум светот

Поддршка од Амнести интернешенел и Конгресот на синдикати - Работник
27views

Конгрсот на синдикати на Велика Британија (ТУК) побара од членовите да го поддржат штрајкот на студентите на 20 септември, откако Амнести Интернашанел побара од директорите на училиштата, ширум светот да ги поддржат глобалните протести.

На годишната конференција во Брајтон, предлогот од страна на синдикатот на Универзитети и Колеџи (УЦУ) упатен кон ТУК да побара од милионските работници да сопрат со работата на еден час, целеше кон промена на владината удобност околу климатските кризи.

Но, амандманот којшто беше подготвен од страна на железничкиот синдикат Аслеф значи дека ТУК ќе побара „работна акциска кампања“, наместо штрајк.

УЦУ бара од работниците да се приклучат кон акцијата заедно со студентите за време на паузите и пред и по работното време, како и да ги прашаат работодавачите заедно да објават климатска итност со синдикатите на вработените и студентите.

Џо Грејди, Генералниот Секретар на УЦУ, рече: “ Овој предлог означува вистинска поддршка за напорите на студентските штрајкови и е шанса за работниците да им покажеме дека стоиме зад нив“.

Милиони на студенти и млади луѓе зедоа дел во климатските штрајкови низ светот, во движењето инспирирано од страна на Грета Тунберг која организираше соло протестите пред Шведскиот Парламент од август, минатата година.