Економија

ПОДОБРИ УСЛОВИ ВО ПУНКТОТ ЗА БЕЗДОМНИЦИ ВО МОМИН ПОТОК

ПОДОБРИ УСЛОВИ ВО ПУНКТОТ ЗА БЕЗДОМНИЦИ ВО МОМИН ПОТОК-Работник
224views

Во рамки на Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст кој се наоѓа во Момин Поток, (Општина Карпош), денеска беше пуштена во употреба новата трпезарија која е наменета за граѓаните кои престојуваат во овој објект. Новата просторија која е целосно климатизирана, нуди капацитет за опслужување на 40 лица, околу кои ќе бидат ангажирани и медицински работници, за поефикасна ресоцијализација на бездомниците.

На овој начин, се зголемуваат капацитетите за нега и заштита на бездомниците, кои во рамки на овој хуманитарен објект можат да добијат оброк, преноќиште и здравствена заштита. При денешната посета, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ја изразија својата заложба за унапредување на социјалната заштита на локално ниво.

Шилегов напомена дека, за новите простории се одвоени 1.700.000 денари, од кои, 1..500.000 се од Буџетот на Град Скопје и 200.000 денари се донации од општествено одговорни компании.
Претставничката од Црвениот крст ја акцентираше добрата соработка со Градот Скопје и Општина Карпош и фактот дека конечно се обезбедуваат подостоинствени услови за бездомниците.

Во изминатиот период локалната самоуправа работеше и на подигнување на квалитетот на детска заштита, со што се обезбеди бесплатен летен одмор и за учениците – основци кои се дел од социјално – загрозени семејства.

Преземено од: Фб страна на општина Карпош