ПравдаСветСиндикат

Под притисок на штрајковите, Макрон е подготвен да го подобри планот за пензиската реформа

Под притисок на штрајковите - Работник
155views

Францускиот Претседател Емануел Макрон е „подготвен да го подобри“ планот за пензиската реформа, поради која веќе две недели траат штрајковите и демонстрациите, било речено од неговото опкружување непосредно пред преговорите на Владата со синдикатите.

Меѓутоа, Макрон вели дека нема „да се откаже“ од спорниот план, но е “подготвен преку разговори да го подобри со синдикатите“, навеле изворите укажувајќи на можен напредок оваа недела.

Со новиот комесар задолжен за прашањата околу пензиската реформа, Лоран Пјетаршевски, францускиот Премиер Едуар Филип на пладне ќе се состане одвоено со синдикалните лидери и работодавачите, за да се обиде да најде начин за излегување од кризата поради која во голема мера е парализиран јавниот сообраќај.

Целта на Макрон е демонстрациите да се паузираат пред Божиќ, но синдикатите кои ги предовдат протестите засега одбиваат „примирје“ пред тој празник, чија прослава започнува за три дена.

Компромисот кој го предвидува Макрон, би бил во врска со старосната граница за пензионирање која по сегашниот план се предвидува да биде на 64 години од 2027 година, наместо сегашните 62 години, за да финансиски се балансира пензискиот систем. На вработените кои би се пензионирале порано, би им се одземале поени, додека оние кои би отишле подоцна во пензија, би добивале бонус.

Тоа е неприфатливо за синдикатите, посебно за најголемиот, ЦФТД кој го поддржува планот да се обединат сегашните 42 пензиски фондови, но смета дека старосната граница е „црвена линија“ која не сакаат да ја преминат.

Вчера стотици илјади Французи протестирале поради најавените промени, а штрајковите кои го онеспособиле јавниот сообраќај траат речиси две недели.