ПравдаСветСветот на работникот

Позитивни на Ковид-19 шест здравствени работници во Солун кои се вратиле од одмор

Забрана за користење годишен одмор - Работник
78views

Во болница во Солун, шест здравствени работници се заразени со коронавирусот, откако се вратиле на работа по користењето на летниот одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно одлуката на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, сите вработени во здравствените центри, болниците и сл без разлика на нивната позиција, задолжително е да направат молекуларен ПЦР тест откако ќе се вратат на работа по летните одмори.

Во овие рамки, било откриено дека шесттемина  здравствени работници се позитивни на Ковид-19.

Молекуларни тестови, вчера се правеа и на две атински пристаништа по иницијатива на периферијата Атика, од каде што соопштуваат дека доброволно се тестирале над 300 лица, на различна возраст и кои пристигнале од различни острови.