ЕкономијаСвет

Познато е кои се најплатени и најслабо платени професии во Германија: докторите земаат најмалку 9,000 евра месечно

Познато е кои се најплатени - Работник
214views

Постојано се прашуваме за тоа колку се највисоките, а колку најниските плати во Германија. Порталот Гехалт.де ги објави тие податоци за 2019 година.

Искусните лекари заработуваат околу 115,320 евра бруто и тие ја земаат највисоката плата во земјата, потоа се експертите за продажба и аквизација со плата од 99,635 евра бруто, директорите на фондовите 83,640 евра и лекарите специјалисти 80,720 евра годишно.

Помеѓу оние најплатените се и финансиско сметководствените менаџери, регионалните менаџери за продажба и слаткарите.

Најслабо платени работници, пак се вработените во кујна со годишна бруто плата од 21,907 евра, фризери, 23,202 евра, келнерите или келнерките 23,620 евра, работниците во кол центрите 25,200 евра и рецепционерите со годишна плата од 25,370 евра.

Помеѓу најмалку платените работници во Германија се и благајниците, готвачите, денталните асистени, негувателките и возачите.

Според порталот, работниците на југот од Германија примаат значително поголема плата од остатокот од земјата, а оваа година најголеми плати се забележани во покраината Хесе.