НовостиСветот на работникот

Покачување на износот на минималната плата- што да очекуваме?

   Време за читање 1 минута
МАКЕДОНСКА МЕРА- MACEDONIKUM ADMODUM
Тема: Покачување на износот на минималната плата- што да очекуваме?
Износот на минималната плата треба континуирано да расте, затоа што тоа е Македонската Мера за живеење! Проблем е што растот на минималната плата не е одраз на економскиот раст и здравите економски политики и односи. Најдобро е кога растот е одраз на правилни економски политики. Втора и не помалку важна работа е дека кога има пораст на минималната плата треба да има СКАЛЕСТО ПОКАЧУВАЊЕ (т.н. домино ефект) кај сите плати по нивоа, групи и подгрупи!
Сегашнава висина на минималната плата ги изедначи работниците кои биле на претходно утврдениот минималец со оние кои и онака добивале плата од 18 000 денари. Ова, почитувани, нема ли да предизвика незадоволство кај работниците чии плати не се покачуваат и како би избегнале пад на продуктивноста? Од друга страна, работодавачите јасно кажаа дека не можат да ги сносат трошоците кои ги предизвикува новата одлука, така што, се оствари она кое го говорев дека државата мора и ќе го субвенционира дел од придонесот.
Понатаму, не смееме да заборавиме дека тука се и пензиите, кои исто така треба да се покачат (според мене во овој момент за 20 %), бидејќи трошоците за живот растат за сите.
Секоја мерка донесена од страна на државата, вклучително и оваа за покачување на минималната плата мора да биде креирана по МАКЕДОНСКА МЕРА, за да одговори на МАКЕДОНСКИТЕ ПОТРЕБИ и состојби. Во спротивно сè ќе се сведе на дневно-политички потреби и популизам во кој се искористени дел од работниците, но и РАБОТОДАВАЧИТЕ!
проф. д-р Лазар Јовевски