ПравдаСветот на работникот

Покрај неисплатените плати во „Баргала“, работниците се жалат на мобинг и на немање социјално осигурување

Покрај неисплатените плати - Работник
680views

Работниците во штипската „Баргала“ веќе втор ден не одат на работа поради неисплатени плати. Ова не е прв прекин на работата во фабриката за обувки.

Според една од работничките во фабриката којашто сакаше да остане анонимна, не им се исплатени две плати, за август и септември, поради тоа што немала фабриката доволно средства за да ги исплати платите.

Од синдикатот на текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Р. Македонија дека доцнењето на платите е од административни причини, како и дека заостанатите плати ќе им бидат исплатени на работниците преку додатоци на платите.

Работничката од Баргала истакна и дека врз вработените во фабтиката се врши и мобинг, додека пак од синдикатот велат дека мобиног не може да се докаже поради тоа што се потребни сведоци, а речиси никогаш никој не сака да сведочи поради страв од губењето на работното место.

Според неа, вработените немаат ниту социјално осигурување, а од годишниот одмор искористиле само 5 дена, а остатокот, како што рече таа е оправдано неплатен.

Имено, после највата за зголемување на минималната плата на 14,500 денари имаше реакции дека таа би се одразила во текстилната индустрија, а и Светкса Банка предупреди дека поради намалената продуктивност, не треба да се зголемуваат плататите, останува да се види како зголемувањето на минималната плата ќе се одрзи врз оние фабрики кои не можат редовно да ги исплатат платите.