ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Полициски синдикат: Притисок од врвот на МУП поради коментарите на социјалните мрежи

Полициски синдикат - Работник
168views

Полицискот синдикат на Србија денеска истакнал дека од нивните колеги добиле повик во кој навеле дека од врвот на Министерството за внатрешни работи (МУП) им стигнала наредба да не ги коментираат своите ставови на социјалните мрежи, по повод неправедното зголемување на платите. 

„Наместо врвот на МУП да се занимава со изедначување на платите на вработените, каде платите на генералите или државните секретари се речиси пет пати поголеми од најмалку платените работници во МУП, надлежните се бават со објавите на полицјаците по социјалните мрежи, Фејсбук, Твитер, Инстаграм“, рекол Претседателот на Полицискиот синдикат на Србија, Велјко Мијаиловиќ.

Мијаиловиќ рекол дека синдикатот не поддржува да „најмногу добиваат поединците од врвот на МУП, а најмалку да добиваат оние кои го сочинуваат мнзоинството, како полицајците, пожарникарите, управните работници, логистиката, хигиеничарите и куварите“.

„Штом ги објавивме нашите забелешки, на полицајците ширум Србија започнале да им се јавуваат надредените, велејќи им да не ги коментираат објавите по прашањето за зголемување на платите на социјалните мрежи. Шират страв помеѓу полицијата. Незадоволството на вработените во МУП од неправедните плати е големо“, рекол Мијаиловиќ.