- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Полицијата ја окупирала зградата на Ал Џезира во Тунис и ги избркала вработените

Полицијата ја окупирала - Работник
566views

Туниската полиција денеска ги окупирала просториите на агенцијата Ал Џезира во главниот град на Тунис и ги протерала сите вработени, откако агенцијата ја нарекла одлуката на Претседателот за паѓање на Владата – пуч.

Најмалку 10 наоружани полицајци влегле во канцелариите на агенцијата без налог за претрес, тврдејќи дека ги извршуваат наредбите на правосудните органи, пренесува Танјуг.

Телефоните на вработените и друга опрема за известување биле запленети, а на вработените не им било дозволено да се вратат во зградата по своите лични работи.

Претседателот на Тунис Каис Сајед вчера го суспендирал парламентот, а премиерот Хишам Мешиши го разрешил од должноста. Овој акт, неговите политички противници го осудиле како напад на демократијата, додека други го поздравиле преку славење на улиците.

Сајед рекол дека извршната власт ќе ја преземе со помош на новиот премиер откако во неколку туниски градови избиле насилни протести поради владините неуспешни постапки во текот на пандемијата и поради лошата економија.

Извор: Politika

Фото: Pixbay