ЕкономијаСветСветот на работникот

Половина од вработените во Ејпл работат без факултетска диплома

Половина од вработените - Работник
245views

Голем број на студенти сметаат дека стекнувањето на факултетска диплома и задолжувањето со големи студентски кредити се едниствени начини да се вработат во водечките светски компании како Ејпл, Гугл и Нетфликс.

Меѓутоа, тоа не е секогаш точно.

Истакантите бизнис лидери – генералната директорка на Сименс во Америка, Барбара Хемптон и извршниот директор на Ејпл, Тим Кук ја преиспитуваат потребата од факултетски дипломи.

Половина од вработените во Ејпл немаат факултетска диплома

Кук неодамна рекол дека околу половина од вработените во Ејпл немаат факултетска диплома. Овој податок се однесува на работниците во САД. Тој заклучил дека многу факултети не ги подучуваат вештините кои се потребни на пазарот на труд.

Хемптон ја отфрлила идејата дека четиригодишните студии гранатираат подготвеност за кариера.

„Често во огласите за работа се бара факултетска диплома, но во реалноста дипломата за работата за која кандидатот аплицира воопшто не е потребна – таа само им помогна на нашите менаџери за вработување да направат селекција“, рекла неодамна Хемптон во Белата куќата во текот на првиот состанок на американскиот Советодавен одбор за политиката на работната сила.

Угледните компании како Гугл и Ејпл вработуваат работници кои поседуваат вештини потребни за извршување на работните задачи, со или без диплома.

Линкедин открил дека многу денешни големи компании не бараат вработените да имаат факултетска диплома.

По понатамошната анализа на податоците, Линкедин идентификувал специфични позиции кои најверојатно ќе ги пополнат оние кои немаат дипломи, вклучувајќи ги електро – техничарите, механичките дизајнери и маркетиншките претставници.

Но, без разлика на тоа, барем засега се чини дека факултетски дипломи се исплатуваат. Работниците кои имаат основни студии заработуваат повеќе од 932 долари неделно од просечиот работник, се наведува во најновиот извештај на американскиот Завод за статистика на трудот.

Генералниот директор на Ејпл, Тим Кук потсетил дека нивната компанија ја основал Стив Џобс, човек кој се запишал на факултет и се откажал од него. Поради тоа политиката на компанија е дека не е потребна диплома за да некој биде успешен.