Економија

Полска ќе го изгради најголемиот аеродром на светот

Полска ќе го изгради најголемиот аеродром на светот-Работник
194views

Архитектите од целиот свет се добредојдени да достават дизајни за новиот аеродром во Полска, што наскоро ќе стане еден од најголемите аеродроми во светот, сместен помеѓу Лоџ и Варшава.

Аеродромот ЦПК, скратено од Централно комуникациска порта, се верува дека може да опслужува скоро 100 милиони патници годишно. Во моментов сеуште е само предлог-проект што допрва треба да биде одобрен од полската влада, но доколку се оди според планот, тој ќе функционира целосно до 2027 година. Иницијативата за конкурсот за дизајн собра скоро десетина концепти од светски реномирани архитектонски компании со седишта во различни земји од светот.

Очекуваната големина на новиот полски аеродром се верува дека е поголема од онаа на Менхетн во Њујорк, што значи дека може лесно да го сервисира очекуваниот годишен прилив од 100 милиони патници. Сепак, официјалните претставници на ЦПК веруваат дека во текот на првата година од отворањето на аеродромот нема да има повеќе од 45 милиони патници.

Поради масовноста на аеродромот, ќе постојат различни методи на транспорт поради огромниот капацитет за патници, ќе има повеќе терминали, но и конференциски центри, ресторани, трговски центри, хотели и мноштво на други удобности. Архитектите на дури предложиле да го именуваат аеродромот – Аеродром Сити заради разновидноста на услугите кои ќе ги нуди.