ЕкономијаМакедонија

Помалите заедници помалку застапени во државните институции

Помалите заедници - Работник
21views

Од вкупно 2 242 функционери во земјава, избрани или именувани лица, 70,7% се етнички Македонци, 23,2% се етнички Албанци, 1,2% се Турци, 1,5% се Срби, 1,3% се Власи, а останатите  задници и националности се застапени под еден отстопренесува анализата на Portalb.mk. Ова е само еден сегмент нотиран во новиот Извештај за следењето на начелото на соодветна и правична застапеност за 2018 година изработен од Народниот правобранител. Како проблематични и недоволно застапени се нотираат вработувањата на лица од помалите етнички заедници, особено во државните агенции, институции, јавни претпријатија. Документот веќе е адресиран до пратениците во Собранието.

Правична застапеност во Владата и министерствата

Од 2007 година до крајот на 2018 година, или во период од 11 години значајно е зголемен бројот на вработени по „етнички клуч“. Со новиот конечен Извештај на Народниот правобранител кој ја анализира структурата на вработените во државниот сектор според правична застапеност, опфатени биле 1 374 институции со вкупен број на 138 326 вработени, објави Нова ТВ.

Целосниот текст можете да го прочитате тука